
јуни 25, 2021
Дисеминациски сесии за нови волонтери
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 24 и 25 јуни 2021 година реализираше две дисеминациски сесии на тема „Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина – историја, компоненти, амблем и принципи“ за две групи од по 5 волонтери од Клубот на млади на ОО. Дисеминациските сесии се специјално наменски подготвени и реализирани како резултат на зголемениот број нови волонтери во Клубот на млади во изминатиот период. Сесиите беа реализирани во објектот на ОО Карпош од 11:00 до 12:30 часот на кои присуствуваа 10 нови волонтери, а истите ги реализираше обучен дисеминатор. За време на активностите беа применувани заштитните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19.





































