февруари 9, 2021

Дисеминациски сесии за ученици од ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош”

 

На ден 1 февруари 2021 година во просторите на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош се одржаа три интерактивни дисеминациски работилници за ученици од Основното училиште ,,Христијан Тодоровски Карпош”-Скопје.

На работилниците кои беа одржани од страна на дисеминатор од Општинската организација Карпош, 23 ученици организирани во три групи и придружувани од нивни воспитувачи имаа можност да се запознаат со работата на Црвениот крст а воедно и да ги посетат работните канцеларии.

< врати се назад