
ноември 1, 2021
Дисеминациски сесии за ученици од основните училишта
Во рамките на програмските активности од областа на дисеминацијата, Црвен крст на Република Северна Макдонија-Општинска организација Карпош во октомври 2021 година спроведе 8 дисеминациски сесии во воспитно-образовните институции со кои беа опфатени вкупно 140 ученици од основните училишта.
Преку адаптирана програма со акцент за запознавaње и информирање на децата од училишна возраст за значењето и улогата на Црвениот крст, од страна на обучен дисиминатор, три дисеминациски сесии се спроведоа за 46 ученици од II-ро одделение во ОУ ,,Аврам Писевски”-с. Бардовци, четири сесии за 74 ученици од VII-те и VIII-те одделенија во ОУ ,,Вера Циривири Трена”- Карпош и една сесија за 20 ученици од Приватното училиште ,,Максимилијан”-Скопје.



































