
септември 11, 2023
Дисеминациско-ориентациска сесија за нови волонтери
На 5 септември 2023 година во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше реализирана дисеминациско-ориентациска средба за прием на четири нови волонтери во Клубот на млади.
На двочасовната средба која беше спроведена од страна на членoви од координативното тело на Клубот на млади, новопријавените младинците имаа можност да се запознаат со основните информации за организацијата и можностите за вклучување во активностите на организацијата на Црвениот крст.




































