
јули 18, 2022
Дисеминациско-ориентациска средба за нови волонтери во Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош
На ден 15 јули 2022 година во дворот на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше реализирана дисеминациско-ориентациска средба за прием на нови волонтери во Клубот на млади пријавени на линкот за пријавување на нови волонтери објавен на официјалните профили на ЦКРСМ-ОО Карпош на социјалните мрежи. Оваа средба беше реализирана со цел информирање на младинците со основните информации за организацијата и можностите за вклучување во активностите од сите дејности на организацијата на Црвениот крст.
На средбата беа присутни Лидерот на Клубот на млади, членови од Координативното тело, волонтери од Клубот на млади и стручниот соработник за работа со млади, како и 5 нови младинци кои првпат пристапија кон Црвениот крст.




































