
декември 20, 2024
Дисеминациска работилница
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 20 април 2024 година организираше и спроведе интерактивна и дидактички прилагодена дисеминациска работилница за целната група на проектот Хуманко составена од деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од социјално-загрозени семејства и со типичен развој.
Работилницата беше одржана во дворот на објектот на ОО Карпош и на истата беа присутни 25 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади. За време на работилницата слушателите можеа да се запознаат со историјата за настанокот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот и принципите на Движењето и основните дејности.





































