септември 26, 2025

Освоено ВТОРО МЕСТО на 31-от Државен натпревар по прва помош 2025

На 20 септември 2025 година во центарот на градот Гостивар се оддржа 31-от Државен натпревар по прва помош за 2025 година за 10-те екипи од општинските организации на Црвен крст кои победија на двата регионални натпревари во мај 2025 година, а домаќин беше ООЦК Гостивар. Од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош учесник беше екипата од СУГС „Орце Николов“ која на регионалниот натпревар го освои второто место.

На државниот натпревар екипата од Црвен крст Карпош го освои второто место. Првото место го освои ООЦК Центар, а третото место ООЦК Кочани.

Екипата од Црвен крст Карпош, пред учеството на натпреварот имаше можност да се подготвува преку 9 тричасовни практични подготовки по прва помош и 1 дисеминациска работилница.

< врати се назад