септември 26, 2025

Дисеминациско – ориентациска средба за нови волонтери

На 24 септември 2025 година во објектот на Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош беше реализирана дисеминациско-ориентациска средба за прием на 8 нови млади волонтери.

Оваа средба беше реализирана со цел информирање на новите волонтери со основните информации за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и можностите за вклучување во организацијата на Црвениот крст. По сесијата присутните пополнија пристапница за волонтирање и членување во Општинската организација и направија кус неформален разговор со присутните искусни волонтери

< врати се назад