октомври 27, 2026

Доделени сертификати за новите врснички едукатори!

8 волонтери од Клубот на млади успешно ја завршија обуката и официјално ги добија своите сертификати! Преку интерактивни сесии, дискусии и практични вежби под водство на обучувачот Вељко Жежовиќ, тие стекнаа нови знаења, искуства и важни едукаторски вештини.

Со ова активност ја заокруживме Општата обука за врснички едукатори, која се одржа во периодот од 11 до 13 септември 2026г. во организација на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош.

Честитки до новите врснички едукатори и им посакуваме многу успех, инспирација и успешна реализација на претстојните врснички едукации во нашата заедница.

Продолжуваме да вложуваме во младите и нивниот развој!

< врати се назад