
Доделување на признанија и благодарници
По повод одбележувањето на 5ти декември – Светскиот ден на волонтерството, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош додели признанија и благодарници на истакнати волонтери кои дале значителен придонес за развојот и работата на организацијата.
На 5ти декември 2023 година на заеднички настан во организација на Црвениот крст на град Скопје и 5те општински организации на Црвен крст во Скопје беа доделени признанија на три истакнати волонтери: Букурие Ајвази – потпретседател и долгогодишен член и волонтер, Аница Оносимоска – повеќегодишен активен член и волонтер и координатор на Клубот на родители и Јоана Суклеска – активен член и волонтер во Клубот на млади и член на Координативното тело на Клубот.
На 9ти декември 2023 година во организација на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беа поделени благодарници на 6 истканати волонтери со најмногу остварени волонтерски часови во 2023 година: Марко Дабески, Мануела Бошковска, Сара Наумова, Наташа Денкова, Ива Иванова и Енгин Мемед.
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош ќе продолжи со континуирано следење на волонтерите и нивниот ангажман, како и оддавањето на признание за нивната работа. Изразуваме длабока и искрена благодарност до сите волонтери во организацијата за нивниот несебичен значителен придонес во развојот и работата на организацијата.




































