јуни 15, 2022

Договор за соработка со ЈЗУ “Психијатриска болница”- Скопје

Со цел формализирање на досегашната успешна соработка, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација-Карпош на 13 Април 2022 година потпиша Договор за соработка со ЈЗУ ,,Психијатриска болница” Скопје. Со овој Договор двете страни ќе продолжат и ќе ги зајакнат активностите за иницирање и креирање и реализација на проекти и активности  од заеднички интерес преку обезбедување меѓусебна поддршка. Воедно двете страни се обврзаа да иницираат соработки и со останатите субјекти во заедницата за нивна вклученост и поддршка во имплементација на активности од заеднички интерес.

< врати се назад