април 14, 2020
Донација од вработените во канцеларијата на Светка банка во Република Северна Македонија
Во подршка во активностите за превземање на превентивни мерки за справување со коронавирусот –Ковид 19, денес се вклучија и вработените од канцеларијата на Светската банка во Република Северна Македонија.

Својата донација во заштитна медицинска опрема , средства за лична хигиена и дизинфекциони средства беа доделeни во Црвениот крст на Република Севeрна Македонија Општинска организација Карпош и истата е донирана во знак на сеќавање на Г-дин Антонио Маури, родител на еден во вработените во оваа институција кој животот го изгуби како последица од заболувањето со Корона вирусот во Италија.



































