јули 16, 2021

Еднодневна екскурзија во градовите Кочани, Виница и Берово

Проектот Хуманко на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош, на ден 11.07.2021 година реализираше еднодневна екскурзија во градовите Кочани, Виница и Берово.
Целта на патувањето беше социјализација на лицата со попреченост и децата од социјално-загрозени семејства, нивно запознавање со убавините на нашата земја и заедничка дружба.
На ова патување учествуваа вкупно 48 учесници – целна група, волонтери, родители и соработници.
На оваа екскурзија учесниците имаа можност да го посетат центарот на градот Кочани, се освежат со пијалок во хотелот „Еуро Хотел Градче“, го посетат музејот во Виница, уживаат во природата на Беровското Езеро, ја видат убавата архитектура на манастирот „Св. Архангел Михаел“ во Берово, и да ручаат и се забавуваат во ресторанот „Аурора Ресорт“.
За реализацијата на патувањето особен придонес дадоа Град Скопје и ЈСП Турс Скопје, кои во целост го обезбедија превозот. Голема благодарност и до ЦКРСМ – ОО Карпош, „Аурора Ресорт“ за гостопримството кое ни го пружи, „Магрони“ ДОО, пекара „Силбо“, пекара „Вршник“, Музеј „Теракота“ – Виница и родителите Александра Меќамова и Магдалена Довлева.
< врати се назад