декември 29, 2022

Еднодневна екскурзија во Прилеп и Крушево

Согласно рамката на проектот „Работна секција Хуманко“, проект одобрен и финансиран од Фондот за развој на Црвен крст на РСМ во завршната фаза на проектот беше предвидена реализација на еднодневна екскурзија за сите учесници, кои активно учествувале во процесот на подготовка на материјали, изработка на производи, како и нивно изложување. За таа цел на 18 декември 2022 година, беше спроведена еднодневна екскурзија за волонтерите од Клубот на млади и Клубот на родители и целната група на проектот Хуманко.

Екскурзијата беше од едукативно-рекреативен карактер, со посета на Прилеп и Крушево. Во Прилеп, учесниците имаа можност да ја посетат Црквата Св.Благовештение и Галеријата на икони, каде топло добредојде ни посака кустос од Завод и Музеј на град Прилеп кој дополнително, им подари подароци на децата и младите од целната група.

Во Крушево, групата беше пречекана од страна на кустос во Музејот „Македониум“ каде учесниците имаа можност да се запонзаат со историјата на споменикот, неговата културна и архитектонска вредност, како и животот и делото на некои од хероите од Илинденскиот период. Групата ја посети и Спомен куќата на Тоше Проески, по посетата на неговото почивалиште. По посетите беше организиран ручек, каде учесниците имаа можност да се одморат, забавуваат и да поминат време заедно и да го одбележат роденденот на еден учесник. На оваа активност се вклучија и гости од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Центар и истите беа целосно вклучени во реализацијата на активноста и придонесоа за нејзино успешно реализирање.

На екскурзијата учествуваа 36 лица, од кои: 10 волонтери во Клубот на млади, 7 волонтери од Клубот на родители, 16 учесници целна група и 3 волонтери гости од ЦКРСМ-ОО Центар. Екскурзијата беше поддржана од страна на пекара Силбо – Скопје, пекара Специјал – Скопје, пекара Ваташа – Скопје, Магрони – Скопје, Грзод – Струмица, ресторан Либра – Крушево, Галерија на икони – Прилеп, Спомен куќа на Тоше Проески – Крушево, Споменик „Македониум“ – Крушево и Градот Скопје.

< врати се назад