
Еднодневна-рекреативна екскурзија за деца и млади
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош преку проектот „Хуманко“ организираше Еднодневна рекреативна екскурзија со цел подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост, деца и млади од социјално-загрозени семејства, деца и млади од еднородителски семејства, деца и млади со потешкотии во учењето и нивни врсници со типичен развој.
Екскурзијата се реализираше на ден 09 април 2022 година преку посета на Велешкото езеро и градовите Валандово, Гевгелија и Дојран. На истата учествуваа вкупно 40 учесници од целната група на проект ,,Хуманко’’, волонтери од Клубот на млади и родители на целната група.
Учесниците имаа можност да се запознаат со автентичните убавини на градовите во јужниот предел на нашата земја, да присустуваат на излет во природа со разни забавни и рекреативни активности кои придонесоа за дружење и убаво поминато време. Беше организирана средба со Игор Џамбазов кој одвои време од својот распоред со цел да ја запознае целната група и да придонесе за многу радост и насмевки кај истата. За време на екскурзијата беше оставрена куса дружба со волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Гевгелија.
Еднодневната екскурзија беше организирана со поддршка од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, Град Скопје, ЈСП Турс – Скопје, пекара ,,Кисми’’ – Скопје, фурна ,,Силбо’’ – Скопје, АД Грозд – Струмица и Евина – Скопје. Исто така, дел од родителите на целната група се вклучија во подготвување на оброци за учесниците.



































