
мај 18, 2023
Едукации по прва помош за основните училишта на територија на општина Ѓорче Петров
Во периодот од 3-ти до 12-мај 2023 година, Црвениот крст на Република Македонија–Општинска организација Карпош реализира 13 едукации и обуки по прва помош за учениците во основните училишта.
Со едукациите кои беа спроведени од страна на обучени млади демонстратори по прва помош од Општинската организација Карпош беа опфтени вкупно 276 ученици од 9-то одделение од сите 6 централни и две подрачни училишта на територијата на локалната самоуправа Ѓорче Петров.




































