
декември 12, 2021
Едукативни предавања за превенција на болести на зависност
Во рамки на активностите за одбележување на Ноември – Месец на борба против болестите на зависност, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со воспитно-образовните институции спроведе две едукативни предавања за превенција од болести на зависност за 49 слушатели.
По една превентивна едукација се реализира за 26 ученици од IX-то одделение во основното училиште ,,Мирче Ацев”-Ѓорче Петров и во средното училиште ,,Здрaвко Цветковски” со кое беа опфатени 23 ученици од III-та и IV-та година.




































