
Едукативно предавање за шеќерната болест
По повод Одбележување на Неделата на борба против шеќерната болест во периодот од 10-16 Октовмри под мотото “Здрави животни навики и дијабетот”, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во основните организации на Црвениот крст во 23 основни, 9 средни училишта и 5 градинки, ги проследи типизираните предавања, визуелната презентација и препораките за организирање на активности за одбележувањето на Неделата на борба против шеќерната болест и истите со голем интерес беа прифатени и користени во основните организации на Црвениот крст.
Со цел подигнување на свеста од ризиците и превенција од шеќерна болест, на 22 Октовмри 2021 година од страна на лекар се реализира онлајн едукацијата за 23 слушатели-волонтери и членови на Клубот на млади од Општинската организација Карпош.



































