јуни 22, 2026

Едукации по прва помош

Млади демонстратори по прва помош од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош, во периодот април – мај 2026 година, спроведоа 23 едукативни предавања на кои присуствуваа и активно учество земаа 363 ученици од основно и средно образование, како и членовите на екипите кои се подготвуваа за Општинскиот натпревар по прва помош.

Учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на првата помош, материјалите што се користат при укажување помош на повредено лице, правилното обезбедување на местото на настанот и мерките за лична заштита на лицето кое укажува прва помош. Демонстраторите практично ги прикажаа постапките за укажување прва помош при крварење од нос, бесознание, отворени и затворени скршеници, како и при рани проследени со крварење.

< врати се назад