
октомври 7, 2020
Екипа по прва помош на А1 Drive-in Cinema
Во периодот од 29 Септември до 5 Октовмри 2020 година, Екипа по прва помош од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош беше ангажирана на јавниот настан “А1 Drive-in Cinema” со цел навремено пружање прва помош на евентуално повредени лица.

На јавниот настан организиран согласно сите протоколи за одржување настани на отворено кој се одржа на паркингот на А1 Арената на Спортска сала Борис Трајковски во Скопје, секојдневно околу 250 посетителите од своите автомобили имаа можност да ги следат филмовите на специјално проектно платно со DCP проектор а звукот емитуван преку FM фреквенција да го следат преку радио уредот во својот автомобил.




































