јуни 22, 2023

Еко – едукации за млади

Преку програмата за „Зелен волонтеризам“, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот од 06 мај до 07 јуни 2023 година  спроведе шест еко едукации  за најмладата популација со кои беа опфатени  107 деца од предучилишна возраст и ученици од прво до трето одделение од воспитно образовните институции.

Целта на овие едукации проследени со активности со изработка на цртежи, селектирање  и рециклирање на отпад во вендинг машина, е подигнување на еколошката свест кај граѓаните, особено кај најмладите луѓе за  заштита и унапредување на животната средина и живиот свет што нè опкружува.

< врати се назад