март 21, 2021

Eколошка акција по повод Денот на пролетта

Во време на пандемија и несигурност, кога психичкото здравје на младите е под сериозна закана поради драстично намалената социјализација, младите од Црвениот крст одвоија време да се погрижат за своето ментално здравје преку грижа за природата.
 
По повод Денот на пролетта волонтерите од Клубот на млади со поддршка од вработените лица при ЦКРСМ ОО – Карпош се вклучија во еколошка акција за уредување на дворот на објектот на Општинската организација. Активноста беше поддржана и од страна на компанијата Хорти Аква Дизајн која допринесе со донација на четири садници кои го разубавија дворот.
 
Во времетраење од пет часа волонтерите ги отстранија исушени гранки и лисја кои беа паднати во дворот, ја обработија почвата, беа засадени новите садници го изметоа и измија дворот.
 
Оваа активност и покрај тоа што се одвиваше со почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, волонтерите ја оценија како позитивна и како добра промена во монотоното секојдневие.
 
< врати се назад