
септември 12, 2023
Еколошка акција за уредување на дворот на ЦКРСМ-ОО Карпош
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на ден 26 август 2023 година од 08 до 12 часот организираше и спроведе еколошка акција за чистење и уредување на дворот на службениот објект.
Акцијата беше со цел чистење на дворната површина со бекатон и уредување на тревната површина преку чистење на лисјата и уредување на површината.
Во акцијата беа вклучени 6 волонтери од Клубот на млади и 6 родители-волонтери од Клубот на родители кои остварија вкупно 44 волонтерски часа.




































