април 3, 2024

Еколошка акција

По повод Денот на пролетта, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација-Карпош спроведоа еднодневна еколошка акција за засадување нови садници и уредување на дворното место и зелената површина на  службениот објект на Општинската организација Карпош. Организирањето и реализацијата на еколошките акции и активности во организацијата на Црвен крст го потикнувааат еколошкото однесување на младите и нивната грижа за животната средина која претствува клучна алка во развојот на свеста за заштита на животната средина.

< врати се назад