ноември 5, 2021

Есенска работилница во Градски парк Скопје преку проект ,,Хуманко’’

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош организираше активност за социјализација за целната група на проект ,,Хуманко’’ – Есенска работилница во Градски парк Скопје.
 
Есенската работилница се реализираше на ден 30 октомври 2021 година и присуствуваа вкупно 22 учесници од целната група на проект ,,Хуманко’’ и волонтери од Клубот на млади.
 
Учесниците имаа можност од есенски лисја, шишарки и останати природни материјали да изработат креативни пејзажи, да ги зајакнат своите навики за екологија и хигиена во природа, сето тоа преку дружење и многу насмевки.
 
< врати се назад