мај 18, 2023

Генералка Викенд во општина Карпош и Ѓорче Петров

Во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се спроведуваше на територијата на целата држава и на која се приклучија над 50 локални самоуправи, Црвен крст на РСМ-ОО Карпош со свои Тимови за укажување прва помош составени од волонтери од Клубот на млади активно се вклучија во активностите  кои беа организирани и реализирани  на територијата на Општините Карпош и Ѓорче Петров. Во акцијата покрај вработените  во општинските администрации се приклучија и  учениците и наставниот кадар од воспитно-образовните институции, еколошките здруженија, пензионерите и другите граѓани  од општините Карпош и Ѓорче Петров.

< врати се назад