
Гостување во Радио Скопје и МТВ
На ден 19.02.2020 се оддржа гостување во Македонско радио- Радио Скопје со цел промовирање на активностите на Црвен крст на Р. Северна Македонија – Општинска организација Карпош и проектот „Хуманко“ кој се реализира преку Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош веќе 11 години.
Гостувањето беше реализирано во времетраење од 60 минути во рамките на емисијата Социовизија која цела беше посветена на нашите активности.
Во Македонско радио- Радио Скопје присуствуваа 3 волонтери вклучени во проектот „Хуманко“ и 1 учесник- целна група на Проектот- Јане Неделковски, Марија Стојкова, Леа Манева и Александар Василевски.
На ден 21.02.2020 се оддржа гостување во Македонска Радио Телевизија со цел промовирање на активностите на Црвен крст на Р. Македонија – Општинска организација Карпош и проектот „Хуманко“ кој се реализира преку Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош веќе 11 години.

Гостувањето беше реализирано во времетраење од 20 минути во рамки на утринската програма на првиот канал на Македонската телевизија.
Во Македонска Радио Телевизија присуствуваа 4 волонтери вклучени во проектот „Хуманко“- Марија Стојкова, Ангела Јордановска, Теодора Довлева и Анастасија Јакчулева.



































