април 3, 2024

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров ги додели благодарниците по повод 17 март за најуспешните во крводарителството

По повод одбележување на 17 Март-Ден на крводарителството во РСМ , Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Ѓорче Петров на 26 март 2024 година организира заеднички настан за доделување на јубилејни признанија и благодарници на повеќекратни крводарители и истакнати мотиватори кои со својата хуманост дадоа огромен придонес во унапредувањето на крводарителството. На свечениот чин кој се одржа во општина Ѓорче Петров, Градоначалникот на општината г-дин Александар Стојковски додели  јубилејни признанија за 100 пати дарувана крв на г-дин Тони Трајковски-вработен во ЈСП Авто База “Горче Петров” и за 50 дарувања на г-дин  Божин Давидовски, г-дин Раде Станковски, г-дин Љубиша Мисајловски и г-дин Ацо Стоилковски, а благодарница доби и Викторија Митровска, волонтер од Црвениот крст како најмлад крводарител која го оствари првиот мал јубилеј од 5 крводарувања. За значајната поддршка во организацијата на крводарителските акции за граѓанството на општина Ѓорче Петров беше доделена благодарница на г-дин Добре Трајковски, вработен во Општината, а за мотиватор во крводарителството и крводарител со над 130 крводарувања на г-дин Љубинко Ристов, долгогодишен волонтер во Црвениот крст Карпош.

 

< врати се назад