
Градоначалникот на општина Карпош додели благодарници за мотиватори во крводарителството
Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општината Карпош, а по повод одбележувањето на 17 март–Денот на крводарителството во РСМ, на 21 март 2022 година организира заеднички настан за доделување на благодарници на истаканти мотиватори кои со својата хуманост дадоа огромен придонес во унапредувањето на крводарителството.
На свечениот чин кој се одржа во општина Карпош, Градоначалникот на општината г-дин Стевче Јакимовски додели благодарници за посебен придонес за мотивирање и успешно организирањето на крводарителските акции на проф. Д-р Соња Геговска Зајкова продекан за настава на Факултет за електроника и информациски технологии, Маја Филипчева и Александра Теова вработени во Општинската администарција Карпош и на Ангела Јордановска од Клуб на млади на Општинска оганизација на Црвен крст Карпош.
На средбата, уште еднаш беше потенцирана плодната соработка со општината и беа споделени информации околу идните заеднички активности.





































