Градоначалникот на општина Карпош ги додели признанијата за најуспешните во крводарителството
Во знак на одбележување 17- Март Денот на основањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството, на 19 Март 2021 година, во општина Карпош, во рамки на Спортско-рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ беа доделени благодарници и признанија на повеќекратни крводарители и мотиватори кои дадоа посебен придонес во унапредување на крводарителство.

Признанијата за 50 крводарувања од страна на градоначалникот Стефан Богоев беа доделени на Даниловски Зоран вработен во „Реплек“-Скопје, Димовиќ Срѓан жител од о.Карпош, Димов Дејан вработен во „Никоб“-Скопје, Карафиловски Коста вработен во Пожарна ,,Тафталиџе,,-Скопје, за 75 дарувања на Илиевски Раде волонтер од Општинската организација Карпош и благодарница за млад мотиватор во крводарителство на Дабески Марко-волонтер од Клубот на млади на Општинската организација Карпош.
Признание за хуманоста, солидарноста и личниот допринос во развојот и унапредување на крводарителството, Општинската организација Карпош му додели и на градоначалникот Богоев кој во оваа пригод а ја истакна котинуираната и успешна соработка со Црвениот крст, а на добитниците на признанијата им честита за хуманоста и позитивниот пример кои тие го даваат во локалната заедница.




































