јуни 8, 2020
Хигиенски пакети за ранливи категории граѓани
Со поддршка од УНИЦЕФ, преку Црвен крст на град Скопје, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош на 4 Јуни 2020 година изврши дистрибуција на 97 пакети со хигиенски средства наменети за лица и семејства во социјален ризик.
Во дистирибуцијата на хуманитарна помош која се спроведе од поставени пунктови во Општинската организација Карпош беа вклучени и волнтерите од Клубот на млади а при тоа беа обезбедени и се почитуваа сите безбедносни протоколи и препораки за превенција и заштита од коронавирсот преку носење на потребна заштина лична опрема и обезбедување и почитување на потребното физичко растојание.



































