јуни 15, 2022

Хуманитарен концерт во рамки на ЦКА-ПХВ програмата

Во рамки на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности – ЦКА-ПХВ 2022 година, една од 6те формирани групи од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош (екипата од СУГС ,,Орце Николов”) организираше хуманитарен концерт.
 
Концертот се реализираше на 28 мај 2022 година во хотел ,,Лимак”, со почеток во 19:00 часот. На концертот беа присутни 230 посетители. Настапуваа 7 средношколски бендови составени од вкупно 25 музичари.
 
Собраните парични средства ќе бидат наменети за организирање на масовна еколошка акција за чистење на загадена средина на територија на градот Скопје.
За реализација на овој концерт беа вклучени 5 волонтери – дел од ПХВ екипата од СУГС ,,Орце Николов” како и 10 волонтери од Клубот на млади.
 
Голема благодарност до бендовите Lezetinn, Zanadu, Double M, Ароматика, Sol Nocivo, Resonance, Exhibit A, водителот – Драгана Тодорова, дизајнерот на плакатот – Филип Карамaчоски и Limak Skopje Luxury Hotel за својот особен придонес во овозможувањето овој концерт од идеја да премине во реалност!
< врати се назад