декември 20, 2024

ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ВО СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

На иницијатива на група ученици од СУГС „Никола Карев“ – Скопје, во периодот од 15 март до 11 април 2024 година беше организиран и спроведен хуманитарен турнир во фудбал.

Во турнирот беа вклучени вкупно 18 екипи составени од по 8 ученици од училиштето кои учествуваа со котизација за учество на натпреварот.

Собраните парични средства од овој турнир се наменети за поддршка за лекување на младо лице – жител на град Скопје.

Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош изразува благодарност за иницијативата и нејзината успешна реализација. За организација на турнирот се вклучија 4 ученици кои остварија вкупно 80 волонтерски часа.

< врати се назад