Хуманитарна акција по повод Меѓународниот ден на жената
Традиционално и оваа година по повод одбележување на 8 Март-Меѓународниот ден на жената, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Карпош реализираа собирна хуманитарна акција.

На хуманитарната акција и претходеше работилница на која младите подготвија рачни изработки, а во периодот од 6-ти до 8-ми Март 2021 година на поставениот штанд во трговскиот центар ,,City Mall,,-Скопје, посетителите имаа можност да ја покажат својата хуманост и да донираат парични средства, прехрамбени и хигиенски производи.

Од собраните паричните средства беа подготвени 25 комбинирани хуманитарни пакети со прехрамбени и хигиенски производи наменети за семејства во социјален ризик кои живеат на територија на Општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.



































