јуни 15, 2022

Хуманитарна кино проекција во рамки на ЦКА-ПХВ програмата

Во рамки на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности – ЦКА-ПХВ 2022 година, една од 6те формирани групи од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош со цел собирање на парични средства организираше хуманитарна кино проекција за учениците од прва до четврта година од СУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје.
 
Кино проекцијата беше организирана на ден 12 мај 2022 година во просториите на училиштето на која беа присутни 140 ученици – гледачи.
 
За кино проекцијата беше подготвен специјален постер и беа подготвени дизајнирани билети од страна на младинците кои го изработуваат проектот. Просторот и техничко-логистичката поддршка беше обезбедена од страна на управата на училиштето, за која искажуваме особена благодарност.
Собраните парични средства ќе бидат наменети за подобрување на социјализацијата и намалување на социјалната ранливост на деца од социјално-загрозени семејства и деца со посебни потреби.
< врати се назад