
Хуманитарна помош за ранливи категории на граѓани
Со подршка на USAID, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во периодот од 6 до 10 Август 2020 година изврши дистрибуција на 232 хуманитарни пакети наменети за бебиња од семејства во социјален ризик.
Исто така во периодот од 12 до 14 Август на 109 социјални семејства со подршка од UNICEF беа доделени индивидуални хигиенски пакети, а со подршка на UNHCR им беше доделена и хуманитарна помош во прехрамбени продукти.
Во дистрибуцијата на хуманитарната помош која се спроведе од поставени пунктови во Општинската организација Карпош беа влучени и волонтерите од Клубот на млади а при тоа беа обезбедени и се почитуваа сите безбедносни протоколи и препораки за превенија и заштита од коронавирусот преку носење на потребната заштитна лична опрема и обезбедување и почитување на потребното физичко растојание.




































