
август 26, 2020
Хуманитарна помош за ранливи категории на граѓани
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 25 и 26 Август 2020 година изврши дистрибуција на хуманитарна помош. Вкупно 55 прехрамбени пакети обезбедна донација од Кам Маркет-Скопје и 19 хигиенски пакети беа доделени на 74 семејства во социјален ризик, кои живеат на територијата на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
Во дистрибуцијата на хуманитарната помош која се спроведе од поставени пунктови во Општинската организација Карпош беа вклучени и волонтерите од Клубот на млади а при тоа беа обезбедени и се почитуваа сите безбедносни протоколи и препораки за превенција и заштита од коронавирусот преку носење на потребна заштитна лична опрема и обезбедување и почитување на потребното физичко растојание.




































