декември 27, 2020

Хуманитарна помош за ученици од ООУ „Аврам Писевски“

Во активностите за помош и подршка на лица и семејства во социјален ризик, во Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош се спроведе акција за обезбедување материјална хуманитарна помош во облека, обувки, играчки, сликовници за деца од социјално-загрозевни семејства.

Во подготовката и реализацијата на акцијата беа вклучени пет волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош, а на 23 Декември 2020 година по повод Новогодишните празници обезбедената хуманитарна помош беше доделена на 30 деца во социјален ризик кои се образуваат во Основното училиште ,, „Аврам Писевски“ во Бардовци-Скопје.

< врати се назад