март 13, 2020

Информативни курсеви по прва помош за учениците од средните училишта

        Во рамките на II-та фаза од имлементација на Кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Црвен крст на Република Македонија-Општинската организација Карпош, на 11, 12 и 26 Февруари 2020 година спроведе вкупно шест односно по  два информативни курсеви по прва помош во  Средните училишта “Здрвако Цветковски”, ”Лазар Танев” и ”Кочо Рацин”.

      Курсевите во времетраење од еден школски час беа спроведени од страна на едуциран предавач-лекар и демонстратор и истите ги проследија вкупно 129 ученици од I-ва и II-ра година кои низ визуелни презентации и практично демонстрирање на укажување прва помош имаа можност да се запознаат со основните знаења за брза и витална интервенција чија цел е да спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.

< врати се назад