септември 23, 2022

Инхалатори за Детската болница Козле

По повод Одбележувањето на Неделата на борба против туберколозата 14 – 21 септември, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 17 и 18 септември 2022 година реализираше дводневна собирна акција во Градскиот парк – Скопје со цел обезбедување на средства за набавка на инхалатори за Детската болница Козле.

Од собраните парични средства се обезбедени 3 инхалатори кои ќе бидат предадени на Болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје.

Дополнително со цел промоција на Неделата, Клубот на млади подготви информативен плакат кој беше промовиран на профилите на социјалните мрежи.

Во подготовките и реализацијата на акцијата беа вклучени 10 членови и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад