март 20, 2023

Исполнет план за крводарителство на ЦКРСМ-ОО Карпош за 2022 година

 

На 17 март – Денот на крводарителството во РСМ на централен настан во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија на Општинската организација Карпош и беше доделено Признание за исполнет план за крводарителство во изминатата 2022 година.

 

Во 2022 година Црвениот крст на РСМ – Општиснка организација Карпош успешно организираше и спроведе 39 крводарителски акции. Во текот на 2022 година беше исполнет планот на реализирани крводарувања преку остварени 3897 крводарувања или 116,99%.

 

Вредно е да се спомене и младинската поддршка во организација на крводарителските акции. Во 2022 година 35 волонтери од Клубот на млади, по ротационен модел учествуваа и дадоа значајна поддршка во реализацијата на сите 39 крводарителски акции при што остварија 1083 волонтерски часа.

< врати се назад