јули 5, 2022

ИЗРАБОТЕНИ 5 ЦКА-ПХВ ПРОЕКТИ – ЦИКЛУС 2022

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – јуни 2022 година активно се вклучи во националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности преку која избрани младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваа мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 20 ученици на македонски јазик и 20 ученици на албански јазик од 5 средни училишта на територијата на општинската организација групирани во 5 помали групи.
 
РЕЗИМЕ НА ОСТВАРЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ:
-обучени вкупно 40 младинци за изработка на мали проекти
-вклучени вкупно 27 младинци во изработката на малите проекти
-по потреба вклучени дополнителни 28 волонтери од Клубот на млади за поддршка на младинците
-остварени вкупно 1517 волонтерски часови од страна на волонтерите
-започнати и целосно завршени 5 мали проекти
-за координација на проектите реализирани се над 40 средби со ЦКА-ПХВ групите
-од активностите за собирање на парични средства обезбедени се вкупно 77.450,00 денари
-со проектите е опфатена целна група од вкупно 685 лица
 
1. Проект за подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост и од социјално загрозени семејства
-реализирани две кино проекции со 140 посетители
-обезбедена поддршка од СУГС „Здравко Цветковски“ – простор и опрема за кино проекција
-набавена опрема и реквизити за потребите на проектот Хуманко
2. Проект за поттикнување на еколошката свест
-реализиран хуманитарен концерт ЕКО-мелодија со 230 посетители
-реализирана еколошка акција со учество на 40 лица и собрани 80 вреќи отпад/9600 литри
-обезбедена поддршка од Хотел Лимак (сала за концерт) и општина Ѓорче Петров (камион)
-набавени канти за рециклирање на отпад за 2 училишта
-набавена опрема за еколошки акции за Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош
3. Проект за библиотека во Домот за стари лица Злокуќани
-обезбедени две високи дрвени полици за книги и 150 книги
4. Проект за курс по албански јазик за членовите и волонтерите на Клубот на млади
-опфатени 15 членови и волонтери од Клубот на млади
5. Проект за поттикнување на младите за правилно користење на слободното време
-опфатени 61 ученик од СУГС „Сарај“
 
 
< врати се назад