јуни 22, 2026

Јубилеен 10-ти ликовен конкурс по повод 22 април и 8 мај

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во текот на месец мај 2026 година спроведе ликовен конкурс по повод одбележување на 22-ри април – Денот на планетата Земја и одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина. Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение од основни училишта и од прва до четврта година од средните училишта.

На конкурсот учествуваа 230 ученици од 12 училишта: ООУ „Петар Поп Арсов“, ООУ „Емин Дураку“, ООУ „Аврам Писевски“, ООУ „Владо Тасевски“, ООУ „Вера Циривири Трена“, ООУ „Лазо Трповски, ООУ „Тихомир Милошевски“, ООУ „Ѓорче Петров“, ПУ „ИПС Македонија“, ПУ „QSI International“, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Георги Димитров“ и целната група на проектот Хуманко.

За ликовниот конкурс по повод 22-ри април беа доставени 160 творби, додека за конкурсот по повод 8 мај беа доставени 70 творби.

Творбите се прегледани и оценети од осумчлена комисија и наградени се 34 творби со дипломи за прво, второ и трето место и пофалници. На 41 наставници-ментори им се доделени благодарници за поддршка и учество. Во оваа активност беа вклучени 10 волонтери кои остварија 110 волонтерски часа.

Значајно е да напоменеме дека во изминатите 10 години учествувале вкупно 1314 творби.

< врати се назад