септември 3, 2025

Јубилејна 20-та Традиционална крводарителска акција во манастирот „Успение на пресвета Богородица”–Матка

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонската Православна Црква – Скопска епархија, а по повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородина“ јубилејно по 20-ти пат ја реализираше крводарителската акција во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“-Матка.

Дводневната акција која се одржа на 27.08 од 18 до 24 часот и на 28.08, од 10 до 15 часот ја посетија рекордни 222 крводарители од кои 148 лица успешно даруваа крв. Во реализацијата на акцијата се вклучија 6 волонтери кои остварија 107 волонтерски часа.

Да потсетиме. Оваа акција е започната во 2006 година со 31 дарување, а со текот на годините стана препознатлива и оваа 2025 година бележиме рекордни резултати. Од сите 20 години, до сега, преку оваа акција се обезбедени 1854 крвни единици.

< врати се назад