
ноември 17, 2020
Кино-проекција преку проектот ,,Хуманко’
На ден 14.10.2020 година преку проектот ,,Хуманко” на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош на електронската платформа ZOOM се реализираше Кино-проекција за учесниците.

Целта на активноста беше учесниците да се поттикнат да размислуваат за детството во минатото, игрите, начинот на облекување, музиката и останати нешта од секојдневието на младите во минатото.
Со таа цел беа претставени епизоди од две ТВ Серии на македонски јазик ,,Првите цутови” (1981г.)и ,,Патувања со Рабробил” (2004г.)
По ТВ сериите учесниците имаа можност да се вклучат во дискусија за минатото и преку забавни прашања да дознаат нешто повеќе за детството на нивните родители, баби и дедовци.
На активноста беа присутни вкупно 25 учесници, 10 волонтери, 13 учесници од целната група и 2 родители на целната група на
проектот ,,Хуманко.



































