
септември 17, 2026
КОЛКУ ИМАШ ПОЗНАВАЊЕ ОД ПРВАТА ПОМОШ ?
Во критични моменти, секоја секунда е драгоцена. Вистинското знаење во вистинскиот момент може да спаси нечиј живот!
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, по повод одбележување на Светскиот ден на првата помош ве повикува да го проверите вашето знаење и да дознаете колку сте подготвени за соодветно постапување.
Зошто да се вклучите?
- Проверете ја вашата подготвеност
- Надградете ги вашите знаења од прва помош
- Бидете подготвени да помогнете кога е најпотребно!
Пополнете го онлајн квизот тука:
Вашата подготвеност прави разлика во заедницата!




































