Крводарителска акција со средношколска младина
Во рамките на активностите за спроведување на Кампањата за организирање на крводарителски акции преку мотивирање и вклучување на средношколската младина, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузина медицина на 2 Јуни 2020 година реализира вонредна крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во периодот од 10:00-15:00 часот во просториите на Општинската организација Карпош својата хуманост на дело со дарување крв ја потврдија 23 ученици од средните училишта Гиманазијата “Никола Карев” и Орце Николов” и Средното угостителско училиште “Лазар Танев” -Скопје.
За време на акцијата беа обезбедени и се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита .
Поради зголемените потреби на крв во овие кризни периоди во текот на јуни 2020 година се планира да се спроведе уште една крводарителска акција со вклучување на средношколската младина-учениците од Средните училишта на територијата на која делува Општинската организација Карпош.




































