
Крводарителска акција во „Алкалоид“ АД Скопје по повод одбележувањето на 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството
И оваа година под мотото “Дарувај крв, спаси живот”, на 14 јуни 2023 година, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Општинската организација Гази Баба, Институтот за трансфуизиона медицина и компанијата „Алкалоид“ – АД Скопје реализираше масовна крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Центарот за едукација и обуки на „Алкалоид“, крв даруваа 149 вработени во компанијата. Меѓу крводарителите во голем број беа вработените кои имаат повеќебројни дарувања и кои ја продолжуваат долгата традиција на дарување крв, но и вработени од помладата генерација кои за првпат даруваа крв.
Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, „Алкалоид“ ги потврдува својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност.




































