јуни 15, 2022

Крводарителска акција во ,,Алколоид” по повод одбележување на 14 Јуни – Светски ден на крводарителство

Под мотото „Дарувај крв, спаси живот” на 14 Јуни 2022 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со ЦКРСМ-ОО Гази Баба, Институтот за трансфуизиона медицина и Компанијата ,,Алколоид” АД Скопје реализираше масовна крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просториите на Центарот за едукација и обуки на „Алкалоид“, крв даруваа 115 вработени во компанијата, а Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за време на крводарителската акција упати благодарност до сите генерации вработени, кои преку овој голем чин на хуманоста оставиле траен придонес во развојот на крводарителство. Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, „Алкалоид“ ги потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност.

< врати се назад