Крводарителска акција во Амбуланта „АЗУРА“, Даме Груев

Крводарителска акција во Приватна здравствена организација ,,Азура”-Скопје![]()
Во рамките на активностите за организирање на крводарителски акции преку мотивирање и вклучување на граѓанството, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 25 јуни 2020 година реализираше крводарителска акција во Приватната здравствена организација ,,Азура” во населбата ,,Даме Груев“ во Скопје.
На акцијата која се спроведе во периодот од 10:00-15:00 часот својата хуманост на дело со дарување крв ја потврдија 30 граѓани.
За време на акцијата беа обезбедени и се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита



































